• недела, 01 септември 2024

Пронајдена е 14-годишната девојка која исчезна вчеравечер во Илинден

Пронајдена е 14-годишната девојка која исчезна вчеравечер во Илинден

Скопје, 3 август 2024 (МИА) – Пронајдена е 14-годишната девојка која исчезна вчеравечер во населбата Илинден по претходна расправија во семејниот дом.

Како што соопштуваат од МВР, полициски службеници од СВР Скопје ја пронашле К.Р. на Железничката станица во Скопје и ќе биде предадена на родителот.

– Денеска околу 12.50 часот на Железничката станица во Скопје полициски службеници од СВР Скопје ја пронајдоа К.Р. (14), за која од страна на нејзината мајка И.Т. (33) од н.Илинден, Скопје, на 02.08.2024 околу 23.45 часот беше пријавено дека по претходна расправија, се оддалечила од домот. Веднаш по добиената пријава, преземени се соодветни мерки и активности од страна на полициските службеници од СВР Скопје и девојчето е пронајдено и ќе биде предадено на родителот, се наведува во соопштението на МВР. ра/бт

Фото: МИА архива

 

Остани поврзан