• четврток, 26 декември 2024

Промовирани две изданија на Институтот за национална историја

Промовирани две изданија на Институтот за национална историја
Скопје, 31 мај 2022 (МИА) - „Миграции, размена на знаења и академски култури во Европа и Црноморскиот регион до Првата Светска војна“ и „Документи за Сојузната и за македонска служба за државна безбедност (1944-1989)“ се двете изданија на Институтот за национална историја кои денеска беа промовирани во Музејот на македонска борба и самостојност во Скопје. Првата книга е издадена на англиски, а втората на македонски јазик. И двете изданија се објавени минатата година, но промоцијата беше одложена поради ковид пандемијата. Зборникот „Миграции, размена на знаења и академски култури во Европа и Црноморскиот регион до Првата Светска војна“ е резултат на меѓународен проект од програмата „Horizon 2020“. 

Директорот на Институтот за национална историја, Драги Ѓоргиев во своето обраќање на денешната промоција за ова издание посочи дека првиот збор од насловот на овој зборник гласи миграција, а миграциите, како што рече, се еден од основните феномени на човечката цивилизација кои во познатата историја постојано ги трансформираат различните аспекти на земјите и континентите како и расниот, етничкиот и јазичниот состав на нивните популации.

Според него, миграциите имале трауматично влијание врз развојот на човечката историја и цивилизација.

Миграциите, како што рече, може да бидат внатрешни, меѓународни, доброволни или присилни и можат да бидат придизвикани од најразлични причини и мотиви.

Тој додаде дека миграциите отвораат и едно суштествено прашање кое е постојано присутно кога се случува овој феномен и тоа гласи што носат во својот куфер мигрантите.

-Тоа прашање не е прашање од материјално значење, туку во неговото симболично и метафорчно значење на именката „куфер“. Вистинскиот одговор на ова прашање би бил неверојатно е што носат мигрантите во своите куфери. Притоа, неверојатно треба да се сфати во неговата најпозетивна и најнеочекувана смисла, затоа што кај сите несреќи што ги содржат искуствата, резултатите од миграциите покажале дека мигрантите покрај другото, со себе носат и куфери полни со знаења, вештини со многу работи, ументички и градежни иксуства, тимски дух, љубов кон учењето, рече Ѓоргиев.

Според него, овој зборник укажува дека мигрантите имале и ќе имаат потенцијал да пренесат важно експертско знаење и вештини, и можат да ги трансформираат начините на живот, однесувањата и поимите во однос на највжните сегменти на едно општество и заедница.

Зборникот „Миграции, размена на знаења и академски култури во Европа и Црноморскиот регион до Првата Светска војна“, како што напомена на денешната промоција проф. д-р Владимир Јанев, се состои од предговор и од 15 трудови кои обработуваат различни теми од историјата и историјата на уметноста.

Како што рече, трудовите се таматски поделени во четири поглавја, а авторите на трудовите се од нашата држава, Австрија, Азербеџајн, Бугарија, Грузија, Руската Федерација и Украина.

Редакторот на зборникот „Миграции, размена на знаења и академски култури во црноморскиот регион“, Билјана Ристовска Јосифовска на промоцијата изрази надеж дека овие две книги бидат почеток на серија слични промоции и настани за презентирање на нивните резултати пред јавноста.

-Како што успехот кој што го постигнуваше нашиот македонски тим во рамките на овој проект кој што е веќе завршен, е резултат на заедничката работа и заедничките истражувања, кои се исклучително интересни и од кои што допрва ќе има резултати кои ќе излегуваат. Во дел од проектот учествувавме 12 земји. Во рамките на овој проект се организираа голем број конференции, меѓу нив се организираше конференцијата во Скопје при што ни беше доверена одговорноста да редактираме едно издание со името на Институтот за национална историја, рече Ристовска Јосифовска.

Како редактор, таа посочи дека е задоволна од изданието, и се надева ќе има добар одзив најмногу од научната јавност.бт/са/

Остани поврзан