Промовирана книгата „Непланираното дете на Европа, Македонија како дел од Источното прашање во 19 век и евроатланските интеграции во 21 век“
- Книгата „Непланираното дете на Европа, Македонија како дел од Источното прашање во 19 век и евроатланските интеграции во 21 век“ од авторите Дејан Маролов и Јорданка Галева, денеска беше промовирана пред студентите и научната фела на Правниот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“ (УГД)-Штип. Авторката на книгата Галева вели дека станува збор за мултидисциплинарна монографија, која читателот го враќа во историското минато на нашата држава. Посочува дека даваат и целосна слика на состојбата на Балканот, меѓународната консталација и геополитичките интереси за кроење на македонската судбина во 19 век.
Штип, 4 декември 2024 (МИА) - Книгата „Непланираното дете на Европа, Македонија како дел од Источното прашање во 19 век и евроатланските интеграции во 21 век“ од авторите Дејан Маролов и Јорданка Галева, денеска беше промовирана пред студентите и научната фела на Правниот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“ (УГД)-Штип. Авторката на книгата Галева вели дека станува збор за мултидисциплинарна монографија, која читателот го враќа во историското минато на нашата држава. Посочува дека даваат и целосна слика на состојбата на Балканот, меѓународната консталација и геополитичките интереси за кроење на македонската судбина во 19 век.
-Опфаќа и детална анализа од поновата историја, со поконкретен акцент на три клучни договори, а тоа е Охридскиот рамковен договор, договорот Преспа склучен со Грција и договорот за добро соседски односи склучен со Бугарија. Направена е детална анализа на првиот период, значи на македонското прашање пред создавање на македонската држава, опфаќајќи ги сите преговори, договори и донесени клучни одлуки на меѓународно ниво, вели Галева.
Таа истакна дека во книгата како автори прават и компарација на двата периоди, со акцент кои се интересите на големите сили, на меѓународниот фактор, како и на балканските држави во однос на решавање на македонското прашање во 19 век и во 21 опфаќајќи го евроинтегративниот пат.
Деканката на Правниот факултет при УГД-Штип, Олга Кошевалиска вели дека ги поддржуваат универзитетските професори за да објавуваат научни публикации, кои ќе им користат на студентите, но и на пошироката јавноста, бидејќи во нив се даваат информации и детални анализи на она што е предмет на научното истражување. вдј/дма/
Фото: МИА