• петок, 26 јули 2024

Промовирана кампањата „Вози одморен“ на ГП Табановце

Промовирана кампањата „Вози одморен“ на ГП Табановце

Куманово, 25 јули 2024 (МИА) - Кампањата „Вози одморен“ денеска беше промовирана на граничниот премин Табановце. Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски заедно со претседателката на РСБСП Гордана Кожуваровска и министерот за внатрешни работи на Србија, Ивица Дачиќ, заедно со директорот на Агенцијата за безбедност во сообраќајот Душко Пешиќ, го посетија граничниот премин Табановце.

Министрите Тошковски и Дачиќ кажаа дека е важно во полн ек на летна сезона возачите да внимаваат, да одмараат за се одбегнат сообраќајните несреќи. Тие двајца во изјавата за медиумите најавија дека ќе разговараат на повеќе теми, за меѓусебната соработка, но и за можности за надминување на метежот на граничните премини. По настанот, министерот Тошковски замина во дводневна официјална посета на Република Србија каде што ќе оствари билатерална средба со српскиот министер за внатрешни работи Ивица Дачиќ.

Возачите да внимаваат на себе да одмараат, да консумираат вода и течности да се заштитат себеси и останатите учесници во сообраќајот, порачаа денеска надлежните од републичкиот совет за безбедност во сообраќајот. На патниците им беше поделен промотивен материјал, рекламен материјал, вода, освежувачи. ам/ац/

Фото: МИА 

Остани поврзан