• четврток, 26 декември 2024

Објавена програмата за август во рамки на охридската „Научна и уметничка визита“ организирана од МАНУ

Објавена програмата за август во рамки на охридската „Научна и уметничка визита“ организирана од МАНУ

Охрид, 26 јули 2024 (МИА) – Годинешната „Научна и уметничка визита 2024“ што во организација на Македонската академија на науките и уметностите се одржува во Куќата на Уранија-МАНУ во Охрид за наредниот месец предвидува повеќе содржини и настани.

На 2 август ќе бидат одбележани 80 години од одржувањето на АСНОМ, за што ќе говори проф. д-р Владо Поповски од Одделение за општествени науки на МАНУ.

Потоа ќе се одржи и научна дебата на тема „Високото образование и науката“ во организација на Одделението за општествени науки на МАНУ, а од од 24 до 26 август предвидена е македонско-кинеска поетско-преведувачка работилница на тема „Поезијата во превод меѓу цивилизациите“ во организација на Истражувачки центар за ареална лингвистика „Божидар Видоески“, МАНУ. За на 29 август закажана е терминолошка работилница на тема „Неологизмите во македонскиот јазик“.

Претходно во рамки на охридската „Научна и уметничка визита 2024“ беа одржани лингвистичката работилница „Дијалектна обработка на македонскиот јазик” на Истражувачкиот центар за ареална лингвистика „Божидар Видоески” при МАНУ, 9-тата Охридска школа за природно право на тема „Зајакнување на националната отпорност кон корупцијата, транспарентност, отчетност и одговорност”, а беше отворена и изложбата „Три генерации” на Ристо Ристовски, акад. Васко Ташковски и Лара Ташковска. аб/дма/

фото:МИА

 

Остани поврзан