• четврток, 12 февруари 2026

Променливо облачно време со дожд, на планините снег и заладување од недела

Променливо облачно време со дожд, на планините снег и заладување од недела

Скопје, 10 февруари 2026 (МИА) - Во наредните денови продолжува период на променливо облачно време со повремени врнежи од дожд, кои на одредени места ќе бидат пообилни. На повисоките планински предели врнежите од дожд ќе преминуваат во снег, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.

Ќе дува умерен, повремено засилен јужен ветер што ќе услови до недела релативно високи температури.

Според прогнозата на УХМР, од недела попладне ќе започне да дува северен ветер и температурите ќе бидат во опаѓање. дма/

Фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан