• сабота, 27 јули 2024

Промени во раководството на ФК Шкендија, нов претседател Замир Дика

Промени во раководството на ФК Шкендија, нов претседател Замир Дика
Тетово, 6 септември 2022 (МИА) - ФK Шкендија од Тетово преку својата веб-страницата соопшти дека во клубот е извршена структурна промена во раководството, а внатрешната реорганизација е со цел да се постигнат целите за наредниот период. Нов претседател на клубот ќе биде Замир Дика, универзитетски професор и поранешен ректор на Универзитетот на Југоисточна Европа. - Новиот спортски директор е Харун Иса, познато фудбалско име во земјава и странство, поранешен фудбалер со богата интернационална кариера. Соработници на Харун Иса во спортското одделение ќе бидат поранешните фудбалери на Шкендија, Ибрахим Османи и Скендер Јонузи, информираа од клубот. Поставени се и нови луѓе во администрацијата на клубот. Финансиско-административниот одделе ќе го води Лулзим Имери, Дритан Муслиу ќе биде задолжен со организација на логистичкиот дел, додека организациски секретар и одговорен за административните прашања на фудбалерите ќе биде Ерблир Лума. ас/зс/

Остани поврзан