• сабота, 23 ноември 2024

Продолжен рокот за доделување еднократна помош за студентите од општина Маврово и Ростуше

Продолжен рокот за доделување еднократна помош за студентите од општина Маврово и Ростуше
Дебар, 8 февруари 2022 (МИА) - Општина Маврово и Ростуше го продолжи рокот за пријавување на конкурсот за доделување еднократен финансиски надомест за редовни и вонредни студенти од оваа општина, во износ од по 6.000 денари. -Првичниот рок за пријавување беше 7-ми овој месец, но го продолживме за четири дена, до 11 февруари, односно до петок. Да нагласам дека може да конкурираат редовни студенти, како и вонредни, но кои не се вработени, а се запишани на додипломски студии од прв циклус на јавните и приватните универзитети и високообразовни установи во Република Северна Македонија за студиската 2021/2022 година, изјави за МИА, Омер Муратоски, овластен службеник за млади. Посочи дека барањето може да се преземе преку линкот поставен на веб страницата на општината или во соодветната служба на општината. Муратоски апелираше до оваа категорија граѓани да ја искористат оваа можност и објасни дека ова право ќе може да го остварат сите студенти кои се со адреса на живеење во општина Маврово и Ростуше и оти не е потребен просек, туку единствен услов е редовно полагање на испитите. Оваа општина веќе петта година доделува еднократна парична помош во износ од по 5.000 денари за секое новороденче во семејства кои живеат постојано на територијата на општина Маврово и Ростуше. -Бебешки бонус во 2018 година оствариле 50 лица, следната година 27 исто колку и во 2020 година и 20 лица во 2021 година. И годинава продолжуваме со исплата на ова право, информираше Медат Куртовски, повереник за надлежностите за градоначалник на општината. вт/вј/

Остани поврзан