• четврток, 09 април 2026

Пробиштип од утре почнува со прскање против комарците

Пробиштип од утре почнува со прскање против комарците

Пробиштип, 8 април 2026 (МИА) -Општина Пробиштип ги информира граѓаните дека утре, 9 Април 2026 година ќе се изврши прв ларвициден третман комбинирано со фрлање на гранули и прскање против комарци од земја на подрачјето на општина Пробиштип, согласно Програмата за општи мерки за заштита на населението од заразни болести за 2026 година и препораките на Министерството за здравство.

-Овој третман ќе ги опфати стоечките неистечни води, согласно Стручниот елаборат за превентивна и задолжителна дезинсекција и дератизација на територијата на општина Пробиштип за 2026 година, како што се долж течението на река Злетовица од населено место Злетово, преку с. Ратавица, до м.в. Киселица, потоа по течението Маричанска рака, од м.в. Маричански дол, па се до чешмата во приградска населба Калниште, на патот кон м.в. Леговец, како и двете јаловишни депонии (стара и нова),Кундинско езеро на површина, брана Пишица на површина и руднички базен и фонтани во градски парк -  соопштуваат од општина Пробиштип.

Во писменото соопштение се вели дека третманот се спроведува со цел навремено уништување на ларвите, со што значително се намалува ризикот од нивно понатамошно развивање во возрасни единки и ширење на заразни болести. Третирањето ќе започне во 9.00 часот. вдј/ац/

Фото: МИА 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан