• четврток, 26 декември 2024

Пријава и решение за отстранување нелегална викендица во Радожда

Пријава и решение за отстранување нелегална викендица во Радожда
Скопје, 16 март 2021 (МИА) -  Надлежните инспекциски служби донеле решение за отстранување викенд куќа во Радожда, што била изградена нелегално. Осомничена за кривичното дело „бесправно градење“ е 74-годишна жителка Љ.Н од ова село на која  ОВР Струга и поднесе кривична пријава. Како што информираат од МВР, Љ.Н. во текот на минатата година, како инвеститор, на катастарската парцела во селото, без соодветна документација, изградила викенд куќа. -Од извршениот инспекциски надзор донесено е решение за отстранување на нелегалната градба, стои во дневниот Билтен на МВР. лв/бак/ фото: МИА Архива

Остани поврзан