• сабота, 16 ноември 2024

Пријава за сомнение за киднапирање на дете 

Пријава за сомнение за киднапирање на дете 

Скопје, 3 ноември 2024 (МИА) - Министерството за внатрешни работи во дополенета и исправена верзија на дневниот Билтен изнесува дополнителни информации за настанот со пријава за сомнение за киднапирање на дете вчера во парк во населбата Ѓорче Петров. 

- Вчера околу 14 часот А.Б. (40) од Скопје пријавила  во ПС Ѓорче Петров дека во паркот во Ѓорче Петров позади општината  додека била со нејзините две деца, М.М (46) од Скопје, која била со своето дете, викнала едно од  децата на А.Б да седи со нејзиното дете и им дала да јадат. Потоа М.М со дететото на А.Б тргнала накај пазарот, по што А.Б. истрчала  по нив и си го земала детето. Со М.М. е извршен службен разговор во ПС Ѓорче Петров и посочила дека сакала да го однесе детето кај своите деца додека да го најде родителот. М.М е писмено предупредена и известен е јавен обвинител, информира МВР. лв/

фото:МИА архива 

Остани поврзан