• сабота, 27 јули 2024

Прием на делегациите на учесниците на 17.Меѓународен фолклорен фестивал во Крива Паланка

Прием на делегациите на учесниците на 17.Меѓународен фолклорен фестивал во Крива Паланка
Крива Паланка, 25 август 2022 (МИА) - Претставници на фолклорнитe ансамбли и друштва-учесници на 17-тиот Меѓународен фолклорен фестивал „Свети Јоаким Осоговски“ во Крива Паланка, денеска беа гости на градоначалникот Сашко Митовски, кој организираше прием укажувајќи им чест што се гости на градот, на фестивалската програма во деновите кога се одбележува и празнува во општината. -Денес мои гости беа делегациите од друштвата и ансамблите - учесници на 17 Меѓународен фолклорен фестивал „Св.Јоаким Осоговски“ од Хрватска, Турција, Србија, Бугарија и РС Македонија. Раскошна слика од богатство на фолклорната разноликост и традиција што ги претставуваат градејќи културни мостови и трајни пријателства, рече Митовски. На приемот разменија подароци како знак на успешна соработка, а учесниците на фестивалот ја искажаа својата благодарност за гостопримството и топлиот прием, како на организаторите, така и на граѓаните од општината. Гостите ги споделија и своите први позитивни впечатоци за овој значаен фестивал, а наредните две вечери, заедно со македонските културно уметнички друштва и фолклорни ансамбли, низ песна, игра и прекрасен колорит од народни носии, ќе ја промовираат својата културна традиција пред кривопланечката публика. Попладнево со дефилето од Осичка маала ќе започне втората фестивалска вечер, а официјалната програма започнува во 19 часот на централниот градски плоштад. ид/рп/  

Остани поврзан