• сабота, 16 ноември 2024

Приведен росоманец, агресивно се однесувал во дом на кавадарчанка

Приведен росоманец, агресивно се однесувал во дом на кавадарчанка

Кавадарци, 15 ноември 2024 (МИА) - Момче од Росоман било приведено синоќа пет минути пред полноќ, поради пријава дека агресивно се однесувал во домот на млада кавадарчанка, кон неа и кон други гости. За ова денеска информираа од СВР Велес. 

- Синоќа во 23.25 часот, полициски службеници од ОВР Кавадарци го привеле М.И.(20) од Росоман, постапувајќи по претходна пријава дека во домот на Х.Ј.(22) од Кавадарци агресивно се однесувал кон неа и кон другите присутни гости и се обидел и физички да ги нападне. Тој бил задржан во полициска станица и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, соопштија од СВР Велес. свд/

Фото: МИА архива

Остани поврзан