• сабота, 23 ноември 2024

Приведен криминалец баран со потерница

Приведен криминалец баран со потерница

Скопје, 30 јануари 2024 (МИА) - Полициски службеници на СВР Тетово денеска околу 16 часот, на улица „Борис Кидрич" во Тетово, по распишана потрага и со судска наредба, го привеле 43-годишниот тетовец Д.М., соопштија од МВР.

Како што стои во соопштението, тој бил осуден на едногодишна затворска казна за сторено кривично дело “неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори", казниво по член 215 од Кривичниот законик.

- Набргу, Д.М. е спроведен во Казнено-поправната установа Затвор "Тетово" во Тетово за издржување на казната, стои во соопштението. цр/лв

Фото: МИА архива

Остани поврзан