• сабота, 27 јули 2024

Приведен крадец од Тетово, пронајдени украдени мотоцикли

Приведен крадец од Тетово, пронајдени украдени мотоцикли
Скопје, 20 јуни 2022 (МИА) – Полициски службеници на Секторот за внaтрeшни работи Тетово, вчера околу 12:10 часот расчистиле шест кражби на мотоцикли и го лишиле од слобода В.Н.(26) од Тетово. Според информациите од МВР, лицето се сомничи дека минатиот и овој месец противправно одзел шест мотоцикли, од кои три се пронајдени во неговиот дом. Пронајдените мотоцикли биле вратени на сопствениците, а против В.Н. ќе следува соодветен поднесок по членовите 235 и 236 од Кривичниот законик.свс/

Остани поврзан