Приведено лице по претрес во Скопје, пронајдена дрога
- Полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје синоќа во 20.15 часот, го лишиле од слобода Ф.Ѓ.(37) од Скопје.
Скопје, 25 јули 2023 (МИА) - Полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје синоќа во 20.15 часот, го лишиле од слобода Ф.Ѓ.(37) од Скопје.
- При претрес во неговиот дом на подрачјето на Ѓорче Петров, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана и бела грутчеста материја, соопштија денеска од МВР.
Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава. цр/дма/
Фото:МИА