• недела, 06 октомври 2024

Приведено лице од Прилеп, по претрес пронајдена дрога

Приведено лице од Прилеп, по претрес пронајдена дрога

Скопје, 9 август 2024 (МИА) - Едно лице било приведено по претрес во дом и други простории во Прилеп, во кои е пронајдена дрога, соопштија вечерва од Министерството за внатрешни работи.

- Денеска врз основа на судска наредба од Основен суд - Прилеп, полициски службеници од ОВР - Прилеп извршиле претрес во дом и други простории во градот, што ги користи Р.Р., на возраст од 52 години од овој град. При претресот, пронајдена е кеса со марихуана, како и семки од канабис, се наведува во соопштението на МВР.

По документирање на настанот, ќе следува соодветна кривична пријава. бд/аа/

Фото: МИА архива

vranec_world_day_2024_300x250

Остани поврзан