• недела, 28 јули 2024

Приведено лице од Гевгелија кое што превезувало илегални мигранти од Сирија

Приведено лице од Гевгелија кое што превезувало илегални мигранти од Сирија

Скопје, 10. јули, 2023 (МИА) - Вчера во 19.20 часот на регионален пат 1102 с.Прдејци – с.Смоквица од страна на полициски службеници од Полициска станица Богородица при Регионален центар за гранични работи „Југ“ е лишен од слобода Н.Г.(41) од Гевгелија, затоа што во патничко моторно возило „бмв 120“ со струмички регистарски ознаки, превезувал пет лица илегални мигранти од Сирија.

Како што соопшти МВР, увид на местото на настанот извршила екипа од Регионален центар за гранични работи „Југ“. Лицата мигранти се сместени во Прифатно-транзитен центар Винојуг - Гевгелија за понатамошна постапка.

За настанот е известен Јавен обвинител, а по целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок. ен/нд/

Фото: МИА Архива

Остани поврзан