• четврток, 26 декември 2024

Приведено лице во Скопје за издржување на двегодишна затворска казна

Приведено лице во Скопје за издржување на двегодишна затворска казна
Скопје, 9 октомври 2022 (МИА) - Полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје денеска во 09.45 часот на ул.„Палмиро Тољати“ го лишиле од слобода М.Ф.(42) од Скопје. За него, како што соопшти МВР, била распишана централна потерница по наредба од Основен кривичен суд Скопје. М.Ф. бил осуден на казна затвор од две години за сторено кривично дело по чл.383 од Кривичниот законик. Тој ќе биде спроведен до надлежната казнено-поправна установа за издржување на казната, информираат од МВР. рп/аа/

Остани поврзан