• недела, 28 јули 2024

Приведени дрвокрадци во кочанско            

Приведени дрвокрадци во кочанско            

Скопје, 21 јуни 2023 (МИА) - Полициски службеници од ОВР Кочани вчера ги лишиле од слобода  К.Х.(26), М.Т.(18), Н.Н.(24), Н.Н.(23), З.Н.(40) и еден малолетник, сите од Кочани.

-Кај место викано „Бочвенец“ во атар на село Полаки, кочанско, тие биле затекнати при вршење кражба на дрва од туѓа шума и притоа биле пронајдени 48 исечени стебла на огревни дабови дрва. На местото на настанот биле пронајдени и одземени две патнички моторни возила и една моторна пила кои биле предадени на Шумската полиција за понатамошна постапка, се наведува во соопштението од МВР.

За случајот, како што велат од МВР, бил запознаен јавен обвинител и по негово целосно документирање против сторителите ќе биде поднесена соодветна пријава. дма/

Фото: МИА архива

 

 

 

 

 

 

 

Остани поврзан