• сабота, 23 ноември 2024

Приведени двајца бегалци од затвор

Приведени двајца бегалци од затвор

Скопје, 10 ноември 2024 (МИА) - Полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш денеска го лишиле од слобода Ф.Ј.(28) од Радовиш, кој бил баран со потерница поради бегство од Затвор Куманово.

Како што соопшти МВР, Ф.Ј. е осуден на затворска казна во траење од пет години и 10 месеци за сторени кривични дела „тешка кражба“, „загрозување на безбедноста во сообраќајот“ и „напад врз службено лице при вршење работи од безбедноста“, а имал за доиздржување две години, четири месеци и 22 дена. Лицето било спроведено во Казнено-поправната установа Затвор Куманово за доиздржување на казната.

Полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш, денеска го лишиле од слобода Ф.Ш.(40) од село Зрновци, општина Зрновци, кој бил баран со потерница поради бегство од Затвор Куманово.

Ф.Ш. , како што информираат од МВР, е осуден на затворска казна во траење од две години и пет месеци за сторено кривично дело „фалсификување исправа“,  а имал за доиздржување шест месеци и 22 дена. Лицето било спроведено во Казнено-поправната установа Затвор Куманово за доиздржување на казната. дма/сст/

Фото: МИА архива

Остани поврзан