Трајков го посети INNOX.MK – иновативен центар за технолошки развој
- Заменик министерката за европски прашања и заменик главен преговарач со ЕУ, Викторија Трајков, го посети INNOX.MK – иновативниот центар посветен на технолошки развој, дигитализација и поддршка на стартап екосистемот во Македонија, соопштија денеска од Министерството.
Скопје, 25 декември 2024 (МИА) - Заменик министерката за европски прашања и заменик главен преговарач со ЕУ, Викторија Трајков, го посети INNOX.MK – иновативниот центар посветен на технолошки развој, дигитализација и поддршка на стартап екосистемот во Македонија, соопштија денеска од Министерството.
За време на посетата, заменик министерката имала можност да се запознае со најновите проекти и решенија развиени во Центарот, кои се насочени кон иновации и подобрување на економската конкурентност на земјата.
-INNOX.MK е одличен пример за тоа како младите таленти и иновациите можат да го поттикнат развојот на Македонија. Владата е посветена на поддршка на вакви центри кои се клучни за дигиталната трансформација и зајакнување на економијата, рекла Трајков.
Таа изразила уверување дека Министерството за европски прашања ќе продолжи да ги поддржува иницијативите кои придонесуваат за технолошкиот напредок на земјата. сст/ев/
фото Министерство за европски прашања