Приведена малолетничка, во нејзиниот ученички ранец пронајдена марихуана
- Полициски службеници од Полициска станица Кисела Вода вчера лишиле од слобода 17-годишна малолетничка, кај која при преглед во ученички ранец, извршен во двор на основно училиште на подрачјето на Кисела Вода, пронајдена е и одземена марихуана, соопштија од МВР.
![Приведена малолетничка, во нејзиниот ученички ранец пронајдена марихуана](https://new.mia.mk/index.php/images/20231110091636_big_730x400_24.webp )
Скопје, 10 ноември 2023 (МИА) - Полициски службеници од Полициска станица Кисела Вода вчера лишиле од слобода 17-годишна малолетничка, кај која при преглед во ученички ранец, извршен во двор на основно училиште на подрачјето на Кисела Вода, пронајдена е и одземена марихуана, соопштија од МВР.
Во присуство на родител, адвокат и инспектор, со неа е извршен службен разговор во полициска станица, во која таа го појаснила делото.
За случајот е известен јавен обвинител и по негово целосно документирање ќе биде поднесен соодветен поднесок. љм/са/
Фото: МИА архива