• сабота, 27 јули 2024

Приближно 100-тина кумановци дневно се вакцинираат против сезонски грип

Приближно 100-тина кумановци дневно се вакцинираат против сезонски грип
Куманово, 3 ноември 2022 (МИА) - Дневно на пунктовите за вакцинација против сезонски грип се вакцинираат околу 100 лица, информираа денеска епидемиолозите од Центарот за јавно здравје. До 31 октомври, годинава се вакцинирале 948 лица, последниве два дена по околу 100-тина. Вакцини има доволно, велат лекарите. -Сите закажани преку „Мој термин“ редовно доаѓаат и се вакцинираат, претежно постари лица над 65 години, лица со хронични заболувања, со нарушен имунитет, здравствени работници, изјави д-р Јадранка Стаменковска од Центарот за јавно здравје Куманово. Од Центарот велат дека имаат доволно количини на вакцина против сезонски грип и за „Мој Термин“ и за оние кои не спаѓаат во ризичните категории. Комерцијални вакцини има 400. Вакцината е од холандски производител и штити од сезонски грип, присутен на северната хемисфера. Епидемиолозите препорачуваат да се вакцинираат и оние кои постојано се изложени на контакти со граѓани, шалтерски работници, вработени во установи, институции кои секојденвно комуницираат со луѓе. ам/цр

Остани поврзан