• среда, 25 декември 2024

Претседателот на Украина го разреши главниот обвинител поради злоупотреби во институциите

Претседателот на Украина го разреши главниот обвинител поради злоупотреби во институциите

Киев, 31 октомври 2024 (МИА) -  Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, денеска со указ го разреши генералниот обвинител на Украина, Андриј Костин.

Според украински медиуми, Костин беше на чело на Генералното обвинителство од 28 јули 2022 година, заменувајќи ја на таа позиција Ирина Венедиктова.

Тој поднесе оставка на функцијата генерален обвинител на 22 октомври, поради повеќе случаи на злоупотреба во обвинителските агенции.

Истовремено, на седницата на Советот за национална безбедност и одбрана беше разгледана ситуацијата со медицинските и социјалните стручни комисии (МССК) и злоупотребите од страна на државни службеници во врска со стекнување статус на инвалид.

Зеленски претходно ја посочи политичката одговорност на генералниот обвинител за состојбата во украинското обвинителство. ссм/

фото: Википедија

Остани поврзан