• петок, 08 ноември 2024

Претседателот на Турција, Ердоган, следната недела ќе ги посети Албанија и Србија

Претседателот на Турција, Ердоган, следната недела ќе ги посети Албанија и Србија

 Тирана, 2 октомври 2024 (МИА) - Претседателот на Република Турција, Реџеп Таип Ердоган, следната недела ќе ги посети Албанија и Србија.
-Првата дестинација, на претседателот Ердоган, ќе биде Тирана, каде ќе допатува на 10 октомври, додека на 11 октомври ја планира посетата на главниот град на Србија, Белград. Сè уште нема детали за агендата на турскиот претседател за официјалната посета на Тирана ниту за средбите што ќе ги оствари, објавија албанските медиуми.
Последната посета на Ердоган на Албанија, кој е голем пријател на албанскиот премиер Еди Рама,  беше во јануари 2022 година. вт/

 

Остани поврзан