• сабота, 28 декември 2024

Претседателот на Индонезија најави подготвеност земјата да биде домаќин на Олимпијадата во 2036 година

Претседателот на Индонезија најави подготвеност земјата да биде домаќин на Олимпијадата во 2036 година
Бали, 16 ноември 2022 (МИА) - Индонезискиот претседател Џоко Видодо изјави дека земјата ќе биде подготвена да биде домаќин на Олимписките игри во 2036 година. -Официјално ја изразувам мојата подготвеност и подготвеност на Индонезија да биде домаќин на Олимписките игри во 2036 година, рече Видодо на самитот Г-20 на Бали. Тој ја истакна важноста на спортот, велејќи дека спорот игра важна улога во зближувањето на светот. Забележано е дека претседателот на Индонезија го подготвува градот Нусантара, како центар за Олимписките игри. Летните олимписки игри во 2024 година треба да се одржат од 26 јули до 11 август во Париз. зс/

Остани поврзан