• вторник, 12 ноември 2024

Претседателката Сиљановска Давкова во Рим оствари средба со претставници на македонската дијаспора

Претседателката Сиљановска Давкова во Рим оствари средба со претставници на македонската дијаспора

Скопје, 25 мај 2024 (МИА) - Претседателката Гордана Сиљановска Давкова за време на престојот во Рим, остварила средба со претставници на македонската дијаспора и на италијанско-македонската стопанска комора, АПИ НОРДЕС.

На средбата, како што соопштија од претседателскиот Кабинет, соговорниците ја запознале претседателката со нивните тековни активности и вклученоста на дијаспората во севкупните општествено-економски процеси во Италија. Во разговорот со Мунир Шемси, успешен бизнисмен и претседател на АПИ НОРДЕС, претседателката била информирана за заложбите на Комората, за неговиот личен и професионален развој, како и за над тридеценискиот хуман активизам насочен кон социјално ранливи семејства во неговиот роден крај.

Сиљановска Давкова изразила благодарност за исклучителниот придонес на македонските иселеници во континуираното унапредување и продлабочување на соработката меѓу македонската и Италијанската република.

Таа ја нагласила важноста од одржувањето на врските со дијаспората, што како нераскинлив дел од македонското ткиво доследно ги негува културата и традицијата, афирмирајќи ја нивната матична држава во странство.

Во таа насока, стои во соопштението, ја потенцирала и потребата од почитување на нивните согледувања на состојбите во нашето општество, имајќи ги предвид децениските искуства и демократски вредности стекнати во државите во коишто живеат и работат.

Средбата со претставниците на македонската дијаспора се реализира за време на посетата на претседателката Сиљановска Давкова на Италијанската Република и Светиот Престол, по повод манифестацијата „Македонија во чест на Св. Кирил“. нд/

 

 

Остани поврзан