• сабота, 09 ноември 2024

Претседателите на двата дома на американскиот Конгрес постигнаа договор за државно финансирање на Владата

Претседателите на двата дома на американскиот Конгрес постигнаа договор за државно финансирање на Владата

Вашингтон, 4 март 2024 (МИА) - Претседателите на двата дома на американскиот Конгрес објавија дека постигнале договор за финансирање на владата што ќе биде усвоен и од Сенатот и од Претставничкиот дом во текот на неделата. Добрата вест е дека Конгресот конечно постигна двопартиски договор за финансирање што ќе ја одржува владата во функција, рече претседателот на Сенатот, демократот Чак Шумер.

Лидерите на Конгресот се договорија за пакет мерки во вредност од 460 милијарди долари за кои сè уште треба да се гласа во Сенатот и Претставничкиот дом на САД.

-Времето истекува сега, бидејќи владиното финансирање истекува во петок, предупреди Шумер, додавајќи дека Претставничкиот дом треба брзо да го усвои договорот и да го испрати до Сенатот на одобрување.

Претседателот на Претставничкиот дом, републиканецот Мајк Џонсон, оцени дека договорот ќе овозможи и одредени намалувања на трошоците на федерално ниво.

Американскиот претседател Џозеф Бајден ќе се обрати во Конгресот на 7 март за состојбата на Унијата, кое традиционално е главното обраќање на претседателот во двата дома на Конгресот. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан