• недела, 06 октомври 2024

Претрес во Сопиште, запленета дрога вредна 20.000 евра, приведен дилер

Претрес во Сопиште, запленета дрога вредна 20.000 евра, приведен дилер

Скопје, 31 август 2023 ( МИА) -  Полициски службеници од СВР Скопје- Единица за недозволена трговија, по претходно добиени оперативни сознанија и наредба од Основен кривичен суд Скопје, вчера  извршиле претрес во дом кај Д.Ц. (38) во с. Добри дол, општина Сопиште.

При претресот, како што известува денеска МВР,  пронајдени се четири кеси со околу четири килограми марихуана, вредна околу 20.000 евра.

Лицето е лишено од слобода и задржан во полициска станица каде по документирање на настанот ќе биде поднесена соодветна кривична пријава по брза постапка. љм/са/

Фото: МВР

vranec_world_day_2024_300x250

Остани поврзан