• недела, 01 септември 2024

Претрес во Скопје, пронајдена дрога, приведен дилер

Претрес во Скопје, пронајдена дрога, приведен дилер

Скопје, 1 септември 2023 (МИА) - МВР соопшти дека денеска во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје - Единица за недозволена трговија со дрога, по претходно добиени оперативни сознанија и обезбедена судска наредба од Основен кривичен суд Скопје, извршиле претрес во домот на Д.Д. (32) од Скопје при што пронашле 30 кесички со марихуана, шест кесички со бела прашкаста материја, како и поголема количина на пари.

Лицето е лишено од слобода и задржано во полициска станица и против него, по документирање на настанот, ќе биде поднесена соодветна кривична пријава по брза постапка до надлежното обвинителство. мч/лв/

фото: МВР

Тагови

Остани поврзан