• петок, 20 март 2026

Пренџов: Усвоени 14 амандмани за Законот за јавно обвинителство 

Пренџов: Усвоени 14 амандмани за Законот за јавно обвинителство 

Скопје, 19 март 2026 (МИА) - Денес Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците ја одржа амандманската расправа по Предлог - законот за јавно обвинителство, закон од особено значење за унапредување на владеењето на правото и зајакнување на институционалната доверба. Во духот на конструктивен дијалог и демократска зрелост, беа прифатени 14 амандмани од сите пратенички групи кои поднесоа предлози за подобрување на текстот на законот, пишува претседателот на Комисијата за политички систем Љупчо Пренџов на Фејсбук што ја објавува ВМРО-ДПМНЕ, а МИА ја пренесува во интегрална форма.

Овој пристап потврдува дека клучните реформски процеси можат и треба да се водат низ инклузивност, со почитување на различните ставови и со заедничка одговорност кон јавниот интерес.

Како претседател на Комисијата за политички систем, особено ми претставува чест што процесот се одвиваше транспарентно и отворено, со вклучена јавна расправа и со активно учество на сите релевантни чинители.

Врз основа на ваквиот сеопфатен и инклузивен пристап, Комисијата му предлага на пленумот Закон за јавно обвинителство, како резултат на темелна дебата и заедничка посветеност кон јакнење на правната држава.

Остануваме посветени на градење институции што функционираат во интерес на граѓаните - преку дијалог, транспарентност и одговорност.

Фото: Фејсбук

 

Остани поврзан