• петок, 20 март 2026

Акција на МВР, уапсен директор на државна институција за поткуп

Акција на МВР, уапсен директор на државна институција за поткуп

Скопје, 19 март 2026 (МИА) - Во тек е акција на Министерството за внатрешни работи, под раководство  на јавен обвинител на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и коруција, поради сомневање за сторени кривични дела од коруптивна природа, потврдија од МВР.

Претходно дел од медиумите, повикувајќи се на извори од истрагата, објавија дека директор на државна институција е уапсен вечерва, поради сомневање за примање мито. Како и обично, официјалните информации ќе пристигнат во текот на утреш ниот ден. ац/паг

Фото: МИА архива

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан