Прекинато водоснабдување поради водоводен приклучок на ул.„Сава Михајлов“
- Корисниците од ул.„Финска“, „Сава Михајлов“, „Тодор Чопов“, „Томас Минцер“ и околните улици од 11:45 часот имаат прекинато водоснабдување.
![Прекинато водоснабдување поради водоводен приклучок на ул.„Сава Михајлов“](https://new.mia.mk/index.php/images/20231016121816_big_730x400_28.webp )
Скопје, 16 октомври 2023 (МИА) - Корисниците од ул.„Финска“, „Сава Михајлов“, „Тодор Чопов“, „Томас Минцер“ и околните улици од 11:45 часот имаат прекинато водоснабдување.
Како што соопшти ЈП Водовод и канализација-Скопје, прекинот е поради изведување водоводен приклучок ф 80 мм на ул.„Сава Михајлов“ бб и ќе трае до завршување на приклучокот. дма/
Фото: МИА архива