• понеделник, 28 април 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Во Драчево започна изградбата на современ фитнес и бодибилдинг центар

Во Драчево започна изградбата на современ фитнес и бодибилдинг центар

Скопје, 5 април 2025 (МИА) - Во Драчево денеска свечено започна изградба на нов модерен спортски објек. Како што информираат од Општина Кисела Вода, станува збор за приватна инвестиција во вредност од еден милион евра за изградба на современ фитнес и бодибилдинг центар на површина од 2.850 квадратни метри. 

Центарот, како што посочуваат од општината, ќе понуди врвни услови за тренинг, здрав живот и спортски дух, а ќе отвори и нови 20 работни места за жителите на општина Кисела Вода.

-Ова е инвестиција вредна над еден милион евра, која ќе создаде 2.850 квадратни метри софистициран простор за спорт и рекреација, и ќе обезбеди нови работни места за околу 20 наши сограѓани. Ова ќе биде центар кој ќе овозможи на граѓаните врвни услови за тренинг, здрав живот и спортски дух, истакна градоначалникот Орце Ѓорѓиевски, се вели во соопштението од Општина Кисела Вода.

Изградбата на „Olympia Fitness“, според Ѓорѓиевски, е само дел од поголема стратегија за развој на спортската инфраструктура во општината, посочувајќи дека во изминатите 3.5 години, се работело интензивно на изградба и реконструкција на спортски терени, сали и центри ширум Кисела Вода. аа/
Фото: Општина Кисела Вода

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан