Пред Судот во Охрид денеска првото одложено рочиште од процесот во врска со случајот Пендиков
- Пред Судскиот совет во Основниот суд во Охрид денеска треба да се одржи првото повторено рочиште од процесот што се води против Илија Спасески, првообвинетиот за нападот врз Христијан Пендиков, секретарот на бугарскиот клуб во Охрид.
Охрид, 5 април 2023 (МИА) - Пред Судскиот совет во Основниот суд во Охрид денеска треба да се одржи првото повторено рочиште од процесот што се води против Илија Спасески, првообвинетиот за нападот врз Христијан Пендиков, секретарот на бугарскиот клуб во Охрид.
Судијата Бојан Мартиноски кој го води процесот, на 28 февруари го прифати барањето на одбраната за одложување од причина што, како што беше посочено од застапниците на обвинетиот, не им биле доставени доказите обезбедени во предистражната постапка.
Стефан Камишевски, адвокатот на Христијан Пендиков, тогаш истакна дека оштетениот ќе се појави пред Судот во мигот кога ќе заврши со лекувањето,
Инцидентот со Христијан Пендиков се случи на 19 јануари во кафе-бар во Охрид.
Случајот предизвика тензии во односите меѓу Софија и Скопје. Бугарските власти испратија авион со кој Пендиков беше транспортиран на лекување во Софија, а не е познато дали тој ќе се појави на денешното рочиште.
Одбраната на Спасески се произнесе дека за нив не е неопходно присуство на Пендиков во Судот. аб/цр
фото/МИА