• недела, 28 јули 2024

Пред Собранието повредени полицајци, оштетено полициско возило

Пред Собранието повредени полицајци, оштетено полициско возило
Скопје, 5 јули 2022 (МИА) - Тројца полицајци се повредени, а едно полициско возило е оштетено, потврдија за МИА полицајци од терен, во немирите што се случија пред зградата на Собранието. Од МВР потврдија дека има повредени полицајци, но не се знае точната бројка. Полицијата ги растера и ги потисна демонстрантите кон паркот Жена борец, кои претходно ја урнаа оградата пред Собрание и фрлаа со предмети кон полицијата и кон собраниската зграда. Протестот вечерва започна пред Владата, продолжи пред МНР, па до Собрание. Демонстрантите бараат оставка од владата. цр/

Остани поврзан