• сабота, 27 јули 2024

Прв случај на Ковид-19 во Панама

Прв случај на Ковид-19 во Панама
Панама Сити, 10 март 2020 (МИА) - Во Панама е потврден првиот случај на новиот коронавирус, соопшти претседателот на земјата Лорентино Кортисо. - Можеме да го потврдиме првиот случај на Ковид-19 во нашата земја. Ги зајакнуваме хигиенските мерки и ги повикуваме сите граѓани да ги следат препораките на Министерството за здравство, напиша Кортисо на Твитер. Новиот коронавирус е откриен кај 40-годишна жена, но нејзината националност не е објавена. Неименуваната жена допатувала од Шпанија, а по доаѓањето во Панама побарала лекарска помош откако поради висока температура и кашлање, соопшти Министерството. јт/

Остани поврзан