• сабота, 23 ноември 2024

Првпат жена избрана за премиерка на Тунис

Првпат жена избрана за премиерка на Тунис
Тунис, 12 октомври 2021 (МИА) - Тунис вчера  доби нова Влада, на чие чело, првпат во историјата на земјата, е жена. Претседателката на туниската Влада, Нажла Буден вчера положи заклетва, 11 недели откако претседателот Каис Сајед ја распушти претходната влада. Буден (63) е геолог и универзитетска професорка. Таа при положувањето на заклетвата истакна дека главна цел на новата Влада ќе биде борбата против корупцијата. Претседателот на Тунис, Сајед на 26 јули го распушти Парламентот и го разреши премиерот Хичем Мечичи, по антивладините протести одржани на 25 јули. Сајед беше обвинет од опозицијата дека извршил државен удар. ми/

Остани поврзан