• среда, 27 ноември 2024

По 10 години официјално завршува Мисијата на ОН во Мали

По 10 години официјално завршува Мисијата на ОН во Мали

Бамако, 11 декември 2023 (МИА) - Мисијата на ОН во Мали денеска официјално го заврши 10-годишното распоредување во земјата, соопшти нејзиниата портпаролка Фатумата Каба, откако воените лидери на Мали наложија повлекување.

Мисијата, позната како MINUSMA, го спушти знамето на Обединетите нации во своето седиште во главниот град Бамако, соопшти Каба. Симболичната церемонија го означува официјалниот крај на мисијата, рече таа.

Затворањето на мисијата става крај на посветеноста започната во 2013 година во услови на ширење на насилството што ја загрози стабилноста на сиромашната и кревка држава. Оттогаш насилствата се проширија во центарот на земјата и соседите на Сахелија Буркина Фасо и Нигер, предизвикувајќи илјадници смртни случаи на цивилни и борци, и раселени милиони луѓе.

Со повеќе од 180 членови убиени во непријателски дејствија главно извршени од вооружени групи поврзани со Ал Каеда и терористичката Исламска држава, МИНУСМА е најтешко погодената мировна мисија на ОН во последниве години. Таа беше составена од околу 15.000 војници и полицајци од мноштво земји.

И покрај човечките загуби и значителната финансиска посветеност, МИНУСМА беше предмет на силни критики од некои Малијци, кои ја осудија нејзината неспособност да ја запре кризата. ссм/

фото: архива

Остани поврзан