• среда, 27 ноември 2024

По претепувањето на функционерите на социјалистите на Дачиќ, опозицијата ги повика на бојкот

По претепувањето на функционерите на социјалистите на Дачиќ, опозицијата ги повика на бојкот
Белград, 7 март 2020 (МИА) - По синоќешното соопштение на Социјалистичката партија на Србија (СПС) на Ивица Дачиќ, за претепувањето на претседателот и секретарот на нивниот Изборен штаб во Жабаљак од страна на маскирани лица, на кои им се нанесени исклучително тешки телесни повреди, со реакција се јави лидерот на СПС, Ивица Дачиќ, но и опозициската коалиција Сојуз за Србија. Како што јави дописникот на МИА од Белград, Дачиќ изјави да „не верува дека зад инцидентот стои Српската напредна странка (СНС).“ - Сите треба да се срамиме од таквите постапки, и искрено кажано нашите односи со СНС се коректни и затоа не знам која би била причината СНС тоа да го стори. Полицијата треба да утврди што се случило, кажа Дачиќ. Сојузот за Србија (СзС) го осуди нападот на маскираните лица со метални шипки врз функционерите на СПС. -Ако властите на СНС на овој начин се справуваат со нивните коалициони партнери од СПС, тогаш што треба да очекува опозицијата?, прашаа од СзС. Движењето Двери го осуди нападот врз функционерите на СПС и ги повика социјалистите да се приклучат на бојкотот на изборите. -Само еден ден откако беа прогласени изборите, СНС започна со изборниот крвав пир. Јасно е дека бојкотот е единственото средство за борба против убијците со шипки и затоа го повикуваме СПС да се приклучи на бојкотот, наведоа од Двери. об/

Остани поврзан