• сабота, 04 јануари 2025

Белата куќа соопшти дека вложува максимални напори за безбедност на инаугурацијата на Трамп

Белата куќа соопшти дека вложува максимални напори за безбедност на инаугурацијата на Трамп

Вашигтон, 3 јануари 2025 (МИА) - Белата куќа презема приоритетни мерки за да ја осигура безбедноста за инаугурацијата на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп на 20 јануари, изјави портпаролот на Белата куќа Џон Кирби.

Тој потврди дека Белата куќа го информира идниот советник за национална безбедност на Трамп, Мајк Волц, за текот на истрагите поврзани со новогодишните напади во Њу Орлеанс и Лас Вегас. Нападите биле извршени од поранешен американски воен ветеран.

Идентификуван е поранешен припадник на американската војска кој бил пронајден во возилото што експлодираше во Лас Вегас пред хотелот „Трамп“, потврди Кирби.

Полицијата во Лас Вегас претходно соопшти дека истражува експлозија на автомобил пред хотелот „Трамп“ откако видеото на кое се гледа запалено возило „Тесла Сајбертрак“ стана вирално. Локалните власти потврдија дека една личност загинала, а седум се повредени во пожарот.

Во улицата Бурбон во Њу Орлеанс, 15 лица загинаа, а најмалку 36 беа повредени кога возило влета во толпа луѓе. Напаѓачот, идентификуван како Шамсуд Дин Џабар, беше убиен во престрелка со полицијата. Во возилото на напаѓачот било пронајдено знаме на терористичката „Исламска држава“. ссм/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан