• сабота, 23 ноември 2024

По пожарот во Универзална, две женски лица однесени на Токсикологија

По пожарот во Универзална, две женски лица однесени на Токсикологија

Скопје, 9 април 2024 (МИА) - По пожарот што претпладнево изби во Универзалната сала, две женски лица биле однесени на Токсикологија, потврди за МИА професор доктор Нико Беќаровски од оваа клиника.

Класично повредени, нема. Има само две женски лица, на средни години, кои се донесени поради мала изложеност на гасови, од соседната зграда. Тие во моментот на настанот, излегле до балкон на кратко, отвориле врата. Станува збор за мала количина на гас. Лицата се добри, по неколкучасовна опсервација ќе бидат пуштени дома, појасни Беќаровски.

Командирот на скопската Бригада за противпожарна заштита Звонко Томески изјави дека уште не се познати причините за пожарот што претпладнево избувна во Универзалната сала во Скопје. Како што рече, причините дополнително ќе ги утврди полициската екипа. Тој напомена дека нема повредени затоа што во моментот немало градежни работи.

 Komandanti i Brigadës kundër zjarrit të Shkupit Zvonko Tomeski deklaroi se ende nuk dihen shkaqet e zjarrit që shpërtheu mëngjesin e sotëm në Sallën Universale në Shkup. Ashtu siç tha, arsye

Томески рече дека за кратко време пожарот бил ставен под контрола иако имале висока температура во самиот објект. Како што посочи, вкупно интервенирале со девет противпожарни возила и 24 пожарникари. бд/ев/

Фото: МИА архива

Остани поврзан