• понеделник, 29 јули 2024

Почнува одбележувањето на 95-годишнината на скопската Зоолошка градина

Почнува одбележувањето на 95-годишнината на скопската Зоолошка градина
Скопје, 25 јули 2021 (МИА) - Со проекцијата на филмот „Пинокио“ вечер во Градски парк, на „Школка“ ќе почнат низата настани со кои ќе се одбележат 95 години од основањето на Зоолошка градина - Скопје. Од Зоолошката градина информираат дека во текот на наредните месеци се планирани едукативни и забавни настани во градината. Проекцијата на филмот е замислена како пикник, а посетителите со себе ќе треба да понесат ќебе. Ќе бидат обезбедени вода, сокови и кроасани за посетителите. Филмот „Пинокио“ кој беше номиниран во две категории за „Оскар“ е од жанрот фамилијарен/фантазија, а влезот за сите посетители ќе биде бесплатен. мд/дма/

Остани поврзан