• сабота, 23 ноември 2024

Почна пролетното уредување на дрворедите во Струмица

Почна пролетното уредување на дрворедите во Струмица

Струмица, 23 феверуари 2024 (МИА) - Екипа од Одржување и управување со јавното зеленило при ЈПКД „Комуналец“ почна со редовното пролетно сечење и уредување на дрворедите низ Струмица, соопштија денеска од комуналното претпријатие.

Уредувањето ќе се одвива секоја недела во текот на овој и наредниот месец, а оваа недела ќе се уредуват дрвата на улица „Младинска“.

Заради присуство на механизација со која се отстрануват исечените гранки од дрвјата, „Комуналец“ апелира до граѓаните утре и и в недела да ги отсранат и да не ги паркираат своите возила од 08:00 до 15:00 часот. рт/дма/

Фото: ЈПКД „Комуналец“ Струмица

Остани поврзан