• вторник, 08 април 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Почна дистрибуција на вода за наводнување во примарна каналска мрежа во Тиквешијата

Почна дистрибуција на вода за наводнување во примарна каналска мрежа во Тиквешијата

Кавадарци, 3 април 2025 (МИА) - Почна дистрибуцијата на вода за наводнување на земјоделски површини,  во примарна каналска мрежа, информираа денеска од подружницата ,,Тиквеш" во Кавадарци на АД Водостопанство.  

- На почетокот на наредната недела ќе почнеме со дистрибуција на вода и на секундарната каналска мрежа, во линиите за наводнување,  на 15 април започнува полевната сезона, соопштија од ,,Тиквеш".

Оттаму посакаа успешна нова наводнувачка сезона и квалитетен род за земјоделците. свд/са/

Фото: подружница ,,Тиквеш"

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан