• вторник, 29 април 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Едукативен настан во Општина Гази Баба во рамки на Глобалната недела на парите 2025

Едукативен настан во Општина Гази Баба во рамки на Глобалната недела на парите 2025

Скопје, 8 април 2025

Во рамките на Глобалната недела на парите, Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување - МАПАС, како еден од организаторите заедно со пензиските друштва КБ Прво пензиско друштво АД Скопје и САВА Пензиско друштво АД Скопје и ТРИГЛАВ пензиско друштво АД Скопје одржаа едукативен настан за наставниот кадар од основните училишта на Општина Гази Баба во салата на општината, со цел подигање на финансиската писменост и свесноста за пензиското осигурување.

Претставниците на МАПАС и пензиските друштва во своите излагања дадоа осврт на важноста на пензискиот систем како и значењето на финансиската писменост како клучен елемент за донесување информирани и одговорни финансиски одлуки. Посебен акцент беше ставен на улогата на капитално финансираното пензиско осигурување во пензискиот систем, како и транспарентноста од овој систем.

Преку вакви едукативни настани за време на Глобалната недела на парите, се поттикнуваат граѓаните да преземат активна улога во сопственото финансиско планирање. Правилните одлуките донесени денес можат значително да влијаат на квалитетот на животот во пензионерските денови, што ја нагласува важноста и потребата од соодветна финансиска писменост.

За повеќе информации посетете ја нашата веб страна и нашите социјални медиуми: http://www.mapas.mk https://www.facebook.com/mapas.mk https://www.instagram.com/mapas.mk https://www.linkedin.com/company/mapasmk/

Агенција за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување - МАПАС

_____________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки

Фото: МАПАС 

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан