• среда, 27 ноември 2024

Поттикнување на младите во земјоделстовото, предизвик на македонската земјоделска политика

Поттикнување на младите во земјоделстовото, предизвик на македонската земјоделска политика

Скопје, 22 ноември 2024 (МИА) - Националната конвенција за Европската Унија во Република Северна Македонија (НКЕУ-МК) денеска ја почна 12-та сесија од Работната група 1– Земјоделство и рурален развој (Поглавје 11) на тема: „Меѓу предизвици и можности: Земјоделската политика на Северна Македонија на патот кон пристапувањето во ЕУ”.  

Учествуваат клучни чинители во земјоделскиот сектор, претставници на релевантни институции, граѓански здруженија, истражувачи од академската средина и други стручни лица за областа

-Кога се соочуваме со економски, климатски и демографски предизвици земјоделскиот сектор е првиот на удар, меѓутоа овие кризи не треба да бидат само проблем кој треба да решава на стар начин, туку може да биде и можност за раст, развој, иновација и трансформација, но тоа бара повеќе напори. Европскиот модел на земјоделство којшто е базиран на одржливост може да пружи добар пример. Еден од главните проблеми е мерката за поттикнување на млади. ЕУ планира 25 милијарди евра поддршка за поттикнување на младите да останат во секторот на земјоделството. Мислам дека ова прашање кај нас треба сериозно да се дискутира да се дадат солидни предлози на тој план, истакна во воведното обраќање проф. д-р Милева Ѓуровска, Национален координатор на НКЕУ-МК.

Драган Тилев, државен советник во Министерство за европски прашања рече дека се очекува Собранието да ратификува два клучни договори, Инструмент за раст и Договор за заем со ЕУ, со што ќе се ослободат 7%  средства од буџетот и на тој начин ќе има средства за продолжување на реформите.

-До крај на годината околу 52/53 милиони евра ќе бидат ставени на располагање и на секои шест месеци ќе може да се повлекуваат средства во зависност од динамиката во реформите, истакна Тилев.

На сесијата учествуваше и Хенрик Маркуш, амбасадор на Република Словачка кој најави дека неговата земја нуди уште една можност за реформи, односно дека почнува проект чии средства ќе се користат за подобрување на дигитализацијата на менаџментот со водните ресурси.  

Сесијата треба да даде одговори на прашања околу прилагодувањето на домашната земјоделската политика кон стандардите на ЕУ.  Примери се структурата на земјоделството во Република Северна Македонија, во која доминираат мали и полупроизводствени фарми, влијанието на конкурентноста на секторот и усогласувањето со европските стандарди, демографските предизвици во земјоделскиот сектор, зајакнување на капацитетите за адаптација кон климатските промени, пристапот до фондовите на ЕУ, модернизирањето на земјоделските практики и руралниот развој, какви реформи и инвестиции се потребни за да се подобри позицијата на македонските земјоделски производители.  ас/ев/

ФОТО: МИА 

Остани поврзан