• понеделник, 02 септември 2024

Поставено осветлување на мостот на локалниот пат Кадино-Миладиновци

Поставено осветлување на мостот на локалниот пат Кадино-Миладиновци

Скопје, 25 октомври 2023 (МИА) - Продолжува реализација на проектот „Илинден-Светла Општина”, што опфаќа проширување и модернизација на уличното осветлување. Во изминатиот период поставена е нова линија за улично осветлување во делот кај мостот на локалниот пат Кадино-Миладиновци во должина од 500 метри.

Од Општината информираат дека се поставени метални столбови со лед светилки, соодветни сообраќајни знаци, метална заштитна ограда од двете страни на мостот, поставена е флуросцентна патна сигнализација долж целиот потег, како и флуросцентна лента по должината на мостот.

- Општина Илинден со ова ја зголемува безбедноста во сообраќајот, на критичните точки кои претставуваа опасност за учесниците во сообраќајот. Овој дел од Општината во минатото претставуваше опасна точка за возачите, пришто токму таму се имаат случено многу сообраќајни незгоди, наведуваат од Општина Илинден и упатуваат апел до сите учесници во сообраќајот на поголемо вниманите, почитување на сообраќајната сигнализација како и ограничувањето на брзината на возење.

Општина Илинден и ЈКП „Илинден”, најавуваат дека и во наредниот период ќе продолжат со поставувањето на нови линии во сите населени места, со цел посветла Општина Илинден и поголема безбедност. цр/са/

Фото:Општина Илинден

Остани поврзан