• среда, 25 декември 2024

Поскапува мазутот, цените на бензините и дизелот остануваат исти

Поскапува мазутот, цените на бензините и дизелот остануваат исти

Скопје, 20 јуни 2024 (МИА) - Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС од ноќеска на полоќ се зголемува за 1,222 денари за килограм, а не се менуваат цени на бензините, дизелот и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1), соопшти Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад.

Килограм Мазут М-1 НС од ноќеска ќе се продава по 45,680 денари, а останува цената на ЕУРОСУПЕР БС - 95 ( 81 денар за литар) на ЕУРОСУПЕР БС - 98 (83 денари за литар)  и на ЕУРОДИЗЕЛ БС ( 74 денари за литар).

Од РКЕ напоменуваат дека ова се максималните цени на нафтените деривати  и оти трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени. сст/лв/

фото МИА архива

Остани поврзан